wake up - онтологија

буди повеќе

будат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прекинува состојба на спиење, прекинува некому сон.
Албански: zgjon
Примери:
Мајката секое утро нежно го будеше синчето.
(се буди) Престане да спие.
Албански: zgjohet
Примери:
Таа прва се будеше во зградата.

дигне повеќе

Види и: крене (св.)
дигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбуди, скорне некого од спиење.
Албански: zgjoj
Примери:
Го дигнаа во три часот по полноќ.

доразбуди повеќе

Види и: разбуди (св.)
доразбудат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбуди целосно, сосема.
Примери:
Го доразбуди звукот од митралезот.

забуди повеќе

Види и: буди (несв.)
забудат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да буди некого.
Албански: zgjoj
Примери:
Го забуди синот рано, пред зори.

збуди повеќе

збудат
Вид збор: Глагол, свршен
разбуди
Албански: zgjoj
Употреба: Народна поезија
Примери:
Жал ми е да го збудам.

изразбуди повеќе

изразбудат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој или повеќемина да се разбудат од спиење.
Примери:
Таа ги изразбуди децата викајќи.

испоразбуди повеќе

испоразбудат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбуди повеќемина.
Албански: zgjoj
Примери:
Се развика и ги испоразбуди сите што беа во куќата.
(се испоразбуди)
Албански: zgjoj
Примери:
Рано се испоразбудија сите.

освести повеќе

освестат
Вид збор: Глагол, свршен
(се освести) Се поврати во свесна состојба.
Албански: zgjohem
Примери:
Машиновозачот се освести по два часа.

подразбуди повеќе

Види и: разбуди (св.)
(се) подразбудат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разбуди малку, не сосема.
Примери:
Дечињата се подразбудија од тропањето, но веднаш потоа заспаа.

попробуди повеќе

Види и: пробуди (св.)
(се) попробудат
Вид збор: Глагол, свршен
Се разбуди малку, донекаде.
Се појави, предизвика малку некакви чувства.
Примери:
Во него се попробудија старите чувства.

поразбуди повеќе

Види и: разбуди (св.)
поразбудат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбуди малку повеќе.
Примери:
Ме поразбуди гласот на мајка ми.
Разбуди многумина, сите.
Примери:
Тоа утро силно ѕвонење ги поразбуди сите во домот.
(се поразбуди) Се разбуди малку повеќе.

пробуди повеќе

пробудат
Вид збор: Глагол, свршен
разбуди
Албански: zgjoj

разбуди повеќе

разбудат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекине сон некому.
Албански: zgjoj
Примери:
Не сакаше никако да го разбуди детето.
(се разбуди) Престане да спие.
Албански: zgjohem
Примери:
Штом ќе се разбуди војникот.

разбудува повеќе

Види и: разбуди (св.)
(се) разбудуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) разбуди

раздреме повеќе

раздремат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши дремка некому, расони.
Албански: zgjoj
Примери:
Ќе ме раздреме викотницата.
(се раздреме) се расони
Албански: zgjohem
Примери:
Тогаш дури се раздремав.

раздремува повеќе

Види и: раздреме (св.)
(се) раздремуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) раздреме

расони повеќе

расонат
Вид збор: Глагол, свршен
Расипе сон, дремка некому.
Албански: zgjoj, prish gjumin
Примери:
Одвај го расонив детето.
(се расони) се разбуди
Албански: zgjohem
Примери:
Се расони, не му се спие веќе.

расонува повеќе

Види и: расони (св.)
(се) расонуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) расони
Примери:
Другарите го будеа, го расонуваа и пак го враќаа назад во креветот.

скорне повеќе

скорнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекине сон некому.
Албански: zgjon
Примери:
Денеска го скорна многу рано.

собудува повеќе

Види и: собуди (св.)
собудуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
пробуди, разбуди
Албански: zgjoj

тргне повеќе

тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
(од сон) се разбуди, се освести
Албански: zgjohem
Примери:
Тргна се моме, разбуди (нар. поез.)